Три лица загинаа, а неколку се ранети во неделата во пукање во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција, наведувајќи дека уапсила 22-годишен Данец.
Осомничениот бил фатен по голема полициска потера во регионот Сјеланд во неделата вечерта, објави Ројтерс.
Дваесет и двегодишен маж отворил оган при што уби три лица кои на лице место им подлегнале на повредите.
Earlier today in Copenhagen, Denmark, a 22-year-old opened fire in the Field’s mall, killing 3 people & injuring several others. The perpetrator has been arrested & identified as Noah Esbensen. This is now the deadliest mass shooting committed by an individual in Denmark history. pic.twitter.com/jNQe6UT4Uc
— ♔ 𝗲𝗺𝗶𝗹 (@JURYR00M) July 4, 2022
– Ќе спроведеме детална истрага и голем број полицајци ќе бидат присутни во Копенхаген, додека со сигурност не можеме да кажеме дека напаѓачот дејствувал сам – изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен.
Како што соопштија од полицијата, не е исклучена можноста од терористички напад.
Од Трговскиот центар кој бил цел на нападот на овој млад човек истрчале во паника.
Полицијата сѐ уште работи на расветлување на овој случај.
Early reports suggest the gunman responsible for today’s mass shooting in Copenhagen spared white people and deliberately targeted Muslims, killing four. pic.twitter.com/wq7B8tmFy4
— CJ Werleman (@cjwerleman) July 3, 2022
Убиецот убил маж на возраст од четириесет години, како и двајца млади, маж и жена.
Доцна синоќа говореше и премиерката на Данска Мете Фредериксен.
– Данска беше погодена од брутален напад во неделата вечерта. Загинаа неколку луѓе, а уште повеќе беа ранети. Невини семејства пазареа или дојдоа на ручек. Деца, адолесценти и возрасни. Нашиот убав и традиционално многу безбеден град се смени за дел од секундата. Ги повикувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат во ова тешко време – изјави Фредериксен.
The man guilty of shooting multiple people in Copenhagen shopping mall 👍 pic.twitter.com/M6dopJCCbD
— 🇲🇪 (@WarReadyyy) July 3, 2022