ЕУ планира да додели 500 милијарди евра помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија планира да ѝ додели финансиска помош од 500 милијарди евра на Украина за да помогне во заживување на нејзината економија, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Loading...

Според извори на Блумберг, Европската комисија бара опции за финансирање, како што се грантови и заеми, пренесува агенцијата ТАС С.

Планот за заживување на украинската економија ќе биде претставен на конференција во швајцарскиот град Лугано, која ќе се одржи во понеделник и вторник.

Блумберг објави дека планот на повеќе од 2.000 страници вклучува програми за инфраструктура, безбедност, клима, енергија и дигитализација.