ЕИБ предлага обнова на Украина според моделот на закрепнување од пандемијата

Сподели со своите пријатели

Европската инвестициска банка (ЕИБ), кредитен огранок на Европската унија, предлага финансиската структура која претходно се користеше за помош за време на пандемијата да биде модел за финансирање на обновата на Украина во износ до 100 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Loading...

Според предлогот, почетните 20 милијарди евра би биле обезбедени од придонеси од земјите-членки и од буџетот на Унијата во форма на грантови, заеми и гаранции.

Гаранциите би имале мултипликативен ефект, при што би покривале инфраструктурни проекти со вкупна вредност од околу 100 милијарди евра, што е приближно половина од непосредните потреби на Украина, се наведува во документот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Предлогот на ЕИБ треба да биде претставен во понеделник, на првиот ден од меѓународната конференција за закрепнување на Украина во Швајцарија, која има за цел да обезбеди ресурси за земјата и да помогне за нејзиното повоено закрепнување.

Согласност мора да даде Комисијата, односно мнозинството од членовите на Унијата

ЕИБ предлага фонд кој би функционирал на сличен начин како што се користеше за време на пандемијата за кредитни гаранции на малите и средни претпријатија, со што беа предвидени гаранции од 25 милијарди евра кои ќе овозможат мобилизација на дури 200 милијарди евра.

Средствата би можеле да помогнат во обновата на мостовите или обновата на водоводните или канализациските мрежи, особено во градовите чие население се зголеми како резултат на миграцијата од другите делови на Украина по руската инвазија на земјата на 24 февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи

За да биде прифатен предлогот на ЕИБ, прво треба да даде согласност од Европската комисија, а потоа планот да биде одобрен од мнозинството од членките на Унијата, кои потоа ќе одлучат дали и во колкава сума ќе придонесат за фонд.