Дипломатите и вработените во руската амбасада во Софија, кои беа прогласени за персона нон грата во Бугарија, ја напуштаат земјата.
„Завршени се процедурите за пасошка и царинска контрола. Тие се качуваат во два авиони. Околу 160 лица, меѓу кои дипломати, технички персонал и членови на нивните семејства, заминуваат од Софија за Москва“, изјави за Тас неименуван вработен во руската амбасада во Бугарија.
На 28 јуни годинава бугарските власти ја објавија одлуката за протерување на 70 руски дипломати и членови на техничкиот персонал на руската амбасада.
Меѓу нив се министерот-советник на руската амбасада Филип Воскресенски, генералните конзули во Варна и Русија Владимир Климанов и Андреј Громов и директорот на Рускиот информативен и културен центар Јуриј Макушин.
Поради недостиг на персонал, конзуларната служба на Амбасадата и Генералниот конзулат на Русија во Варна ја прекинуваат работата.
Руската амбасада побара оваа, како што ја нарече, незаконска и неоснована одлука да се укине и предупреди дека поради тоа може да се затворат и бугарските дипломатски претставништва во Русија, но, како што јави Тасс, тоа предупредување било игнорирано од бугарското Министерство за Надворешни работи.
Руските власти најавија дека планираат одмазднички мерки, пренесува руската агенција.