Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време, со услови за зголемена облачност и нестабилност проследена со дожд и грмежи во текот на попладневните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 19 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

Среда носи сончево и топло време во претпладневните часови, а попладне услови за нестабилност со дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 17 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советниците на ВЛЕН од Куманово се оградија од изјавата на Димитриевски, кој ОНА ја нарече терористичка организација

Во четврток ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне околу 30.

 

Loading...

 

Последниот работен ден неделава носи облачно време со врнежи од дожд и значителен пад на температурите. Ќе дува умерен до засилен северен, односно северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 27 во текот на денот.

Сончево време со мала облачност ќе имаме в сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

 

 

Во текот на следната недела повторно се очекува постепен пораст на температурите.

Loading...

Никола Ивановски