Првиот тајфун годинава во Кина, придружен со дожд и силен ветер, во саботата го погоди јужниот брег на земјата, а синоптичарите предвидуваат рекордни врнежи од дожд.
Тие најавуваат и ризик од природни катастрофи во неколку провинции, вклучувајќи ја и најнаселената провинција Гуангдонг.
Тајфунот Чаба, по тајландското име за цветот хибискус, денеска се движи со брзина од 15 до 20 километри на час во северозападен правец откако центарот на бурата го погоди Маоминг, град во Гуангдонг, соопшти Националната метеоролошка управа.
Чада, тајфун со средна јачина што се очекува да ослаби, најверојатно ќе донесе обилни дождови и ќе го собори акумулираниот рекорд на врнежи. Се предвидува дека во некои области може да наврнат и до 600 мм дожд.
Подрачјата западно од Гуангдонг, источно од автономната провинција Гуангкси и островската провинција Хаинан се нападнати.
Во Хаинан, железничкиот сообраќај беше суспендиран, а повеќе од 400 летови до и од градовите Хаику и Сања беа откажани.
Во водите на Хонг Конг, кој се наоѓа на 270 километри североисточно од Маоминг, брод со десетина членови на екипажот и 30 патници се преполови за време на минувањето на тајфунот Чаба. Тие во моментов се сметаат за исчезнати.
Синоптичарите најавија екстремни временски услови во Кина до крајот на август.