Бродска несреќа кај Хонг Конг, исчезнати над 20 лица

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 20 членови на екипажот на инженерски брод со вкупно 30 луѓе се исчезнати по бродоломот во водите крај Хонг Конг за време на тропската бура Чаба, соопштија властите.

Loading...

Тројца членови на екипажот се спасени, а операциите за пребарување и спасување на останатите продолжуваат на околу 300 километри југозападно од Хонг Конг, соопшти градската авијација, пренесува Ројтерс.

Дел од екипажот го напуштиле бродот, кој се распаднал на половина, но тешките временски услови ги попречуваат спасувачките напори.

Тропската бура Чаба, придружена со силен дожд и силен ветер, го заобиколи овој глобален финансиски центар каде беше нарушен јавниот превоз, а многу бизниси беа принудени да ги прекинат своите деловни активности.