Кина дозволи влез од САД и преку трети земји

Сподели со своите пријатели

Кина ќе ги олесни ограничувањата за влез на американските граѓани, на кои сега ќе им биде дозволен влез дури и при транзит низ трета земја, се вели во известувањето издадено од кинеската амбасада во Вашингтон.

Loading...

Според оваа промена во правилата, со кои властите во Пекинг се обидуваат да ги задржат инфекциите со Ковид-19, американските граѓани со негативни резултати од тестот за коронавирус кои сакаат да влезат во Кина, сега можат да аплицираат за зелен здравствен сертификат за патување од САД или трета земја, пренесува Ројтерс.

Претходно, амбасадата издаваше потврди само на американски државјани кои летаат директно од САД.

Кинеската политика на нулта толеранција за Ковид, која исто така има за цел да го намали ризикот од заразени патници кои пристигнуваат од странство, резултираше со многу пречки за меѓународното патување, од ограничувања за издавање или обновување пасоши за кинеските граѓани до строги услови за карантин по пристигнувањето, пренесува Танјуг.

Овие мерки, заедно со ограничениот број директни летови од САД до Кина, доведоа до авионски билети кои чинат дури 10.000 долари, наведува британската агенција.