Бобан Симиќ (40) од Чикаго тврди дека неговата многу необична исхрана му помогнала да биде „поалфа и поагресивен“, а кога ќе слушнете што јаде и пие, нема да се чувствувате добро.
Човекот, кој случајно е ММА борец, почнал да јаде сирово месо пред четири години – вклучувајќи свинско, јагнешко и козјо месо – и тврди дека никогаш не се чувствувал подобро.
Тој пие и јогурт во кој додава човечко млеко и вагинален исцедок што го зема од поранешните партнери и тврди дека не само што има одличен вкус, туку е и добар за неговото ментално здравје.
Неговата исхрана се состои од 12 до 30 сирови жолчки што ги јаде за појадок, околу 900 грама сурово месо за ручек, а потоа повеќе сирови жолчки за вечера.
Бобан тврди дека никогаш не бил болен поради неговата необична исхрана, иако признава дека проверува дали има црви после секое празнење.
Вели дека јаде се сирово, а најчесто јаде јагнешко иако најмалку го сака, но „има јак вкус и не е масно“. „Јадам сирово говедско и сирови пилешки гради, тоа ми е омилено. Суровото свинско месо има премногу благ вкус, па затоа го јадам само понекогаш, а најдоброто нешто што сум го јадела е сурово козјо месо“, вели Симиќ, додавајќи дека текстурата зависи од сечењето.
Додека многу луѓе се згрозени од глетката на сирово месо, тој ужива да јаде таква храна и тврди дека тие се многу освежителни. Бобан вели дека неговото тело е најважното нешто во животот и дека тоа е единствената работа на која троши пари.
„Вие сте тоа што го јадете. Без разлика колку пари имате, ако не сте здрави, тоа е поради вашата исхрана“.
Покрај тоа што има многу бизарна исхрана, Симиќ решил да додаде вагинален исцедок и човечко млеко во јогуртот, тврдејќи дека има здравствени придобивки.
“Бев со жена која во тоа време имаше млеко во градите, го пробав и мислев дека е слатко и вкусно и тогаш ми текна. Тоа беше жена со која се гледав и бев интимна. За вагината и бев Истражувајќи ги пробиотиците и потоа ми дојде на ум уште една одлична идеја. Зедов вагинален исцедок од една девојка со која се гледав. Слушнав дека луѓето прават пиво и леб од него“, вели Бобан.
Тој истакнува дека отсекогаш бил луд по здравјето, дека многу истражувал за се и дека решил на овој начин „да ги намали токсините и да се храни здраво“.
Инаку, Бобан вели дека ваквата диета му помогнала и за менталното здравје, а расположението му е многу постабилно.
Меѓутоа, ако прашате некој експерт, сите ќе ви кажат дека никогаш не треба да јадете сирово месо или јајца бидејќи ризикувате да внесете разни бактерии и микроорганизми кои сериозно можат да го загрозат вашето здравје.