ЕВРОПА „ГОРИ“: Пеколни горештини на стариот континент!

Сподели со своите пријатели

Пеколните горештини во поголемиот дел од Европа доведоа до температурен рекорд од југ, сè до крајниот север на Стариот континент.

Loading...

На норвешкиот полуостров Банак беа забележани 32,5 степени Целзиусови, што е највисока температура измерена во внатрешноста на Арктичкиот круг во Европа.

Тоа е значително повисоко од јунскиот просек за областа, кој е 13 степени Целзиусови.

Силниот топлотен бран предизвика значително зголемување на температурата над просекот за јуни во многу земји, а во некои случаи тој скок беше и до 20 степени.

Полни се базените во Шведска и Литванија, а во Полска во понеделник температурата достигна околу 35 степени, додека во делови од источна Германија на повеќе локации се измерени 37 степени Целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

Јунските температурни рекорди беа срушени во Словенија и Хрватска, додека во Босна и Херцеговина температурата беше за 0,2 степени пониска од јунскиот рекорд од 41 степен.

Екстремните горештини се проширија и во Северна Африка, па температурата во Тунис во понеделникот го израмни месечниот рекорд за јуни, кој изнесува 48,7 степени целзиусови.

Од друга страна, Европа ја зафатија и грмотевици кои предизвикаа разорен одрон во јужна Австрија, при што едно лице загина.

Loading...

Поплавени се куќи и патишта во провинцијата Корушка, а во наредните денови се очекува ново невреме пропратено со град и силен ветер.

Катастрофална суша во Италија, затворени фонтани во Милано

Италија се соочува со голема суша, поради што нивото на најголемата река во земјата, По, се спушти на најниско ниво во последните 50 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице загина, повеќе од 100 лица се евакуирани поради бурата во Јужна Кореја

Во Милано градоначалникот Бепе Сала за да заштеди вода нареди да се исклучат сите градски фонтани, а слична одлука беше донесена и во Мантрова.