Германија сака побрзи преговори за приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Сподели со своите пријатели

Треба да се забрза дискусијата за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија, смета министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.

„Не треба повеќе да се губи време во напорите за интеграција и хармонизација“, рече Бербок во петокот по разговорите со нејзината словенечка колешка, Тања Фајон, во Берлин.

Таа рече дека БиХ е високо на политичката агенда на Германија.

„Западен Балкан географски е во средината на ЕУ. Мора конечно да ги внесеме луѓето од Западен Балкан во нашиот политички центар“, побара Бербок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија