Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, откако руските сили со ракета погодија станбена зграда во близина на Одеса и убија 21 лице, дека „Русија врши терористички напади против Украина“.
Зборувајќи за ракетниот напад во селото Серхијивка во близина на Одеса во јужна Украина, Зеленски рече:
„Ова не е изолиран напад или несреќа, како што секојдневно повторуваат руските медиуми. Ова е намерен руски ракетен напад, руски тероризам против нашите градовите и нашите луѓе, како возрасни така и деца“.
„Русија користи противбродски крстосувачки ракети против станбени згради“
Украинските власти соопштија дека меѓу загинатите во близина на Одеса има и 12-годишно момче.
„Русите таргетираа обична станбена зграда во Серхијивка со суперсонична крстосувачка ракета. Ваквите ракети од типот Х-22 се наменети за напади врз носачи на авиони и други големи воени бродови, а руската војска ги користи против станбени згради во кои се наоѓаат цивили“, рече Зеленски.