Иран: Егзекутирани 10 лица поради убиство и силување

Сподели со своите пријатели

Десет лица осудени на смрт за злосторства како што се убиство и силување беа егзекутирани во Иран.

Loading...

Според Агенцијата за активисти за човекови права на Иран (ХРАНА), десет осуденици биле егзекутирани на 29 јуни во затворот Речаи Шахр во градот Керај во провинцијата Алборз.

Наведено е дека осум од егзекутираните се осудени на смрт поради обвинение за убиство, а двајца за силување.

Иранските власти сѐ уште не ги коментирале овие случаи.

Според извештајот објавен од Амнести интернешенел на 24 мај 2021 година, во Иран биле егзекутирани 314 луѓе, што по Кина е земја со највисока смртна казна во светот.