Куманово повторно објави оглас за оператор за авионско прскање против комарци

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово повторно објави оглас за избор на економски оператор за авионско прскање против комарци, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Заинтересираните субјекти покрај општите документи треба да достават и документ за регистрирана дејност како доказ дека се регистрирани како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, копија од уверение за работа за вршење на специјализирани услуги со воздухоплов издадено од Агенција за цивилно воздухопловство на РМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

Првиот оглас за избор на оператор беше објавен во мај годинава, но беше поништен.

Општина Куманово на почетокот од април, избра на оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа од одделението за јавни набавки. Општината од буџетот одвои милион денари без вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.

Лани и претходните години со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција.