УХМР со најава за многу високи температури, но и невреме

Сподели со своите пријатели

Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена.

И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре