ЕУ ги продолжи санкциите за анексијата на Крим

Сподели со своите пријатели

Советот на ЕУ ги продолжи за уште една година санкциите воведени од ЕУ како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Руската Федерација.

Loading...

Рестриктивните мерки кои моментално се во сила првпат беа воведени во јуни 2014 година и вклучуваат забрана за увоз на производи кои потекнуваат од незаконски анектираниот Крим или Севастопол во ЕУ, како и инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги од незаконски анектираниот Крим или Севастопол.

Извозот на одредени стоки и технологии за кримските компании, било за употреба во нелегално анектираниот Крим во транспортниот, телекомуникацискиот и енергетскиот сектор или за истражување и производство на нафта, гас и минерални ресурси, исто така е предмет на ограничувања на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дуда: Одлуката на САД да ѝ дозволат Украина оружје за удари може да биде одлучувачка за војната

„ЕУ не ја признава и продолжува да ја осудува илегалната анексија на полуостровот Крим како сериозно кршење на меѓународното право. ЕУ останува непоколеблива во својата посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и е посветена на целосно спроведување на својата политика на непризнавање“, повтори Советот на ЕУ, пренесе Танјуг.

Советот на ЕУ ја повикува Русија веднаш да престане со своите неселективни напади врз цивили и цивилна инфраструктура и веднаш и безусловно да ги повлече сите свои војници и воена опрема од целата територија на Украина во нејзините меѓународно признати граници.