Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз утринава на каналот Телеграм објави дека украинските сили ја гранатирале цивилната област Суземка, дека во тој напад е рането едно лице, а потврдил дека снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато.
„Украинските сили рано утринава ја гранатираа населбата Суземка. Во нападот беа оштетени неколку згради. Оштетена е локалната електрична мрежа, а снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато“, напиша Богомаз, пренесе ТАСС.
Гувернерот објави и дека „непријателските огнени позиции биле веднаш потиснати“.

