Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое се гледа соборувањето на уште еден, како што се наведува, руски воен хеликоптер.
Видеото е објавено на официјалниот Твитер профил на украинското Министерство за одбрана, а во описот стои дека се работи за хеликоптер Ми-35М.
Според Украинците, хеликоптер на руските сили бил соборен во областа Донецк.
„Уште еден руски Ми-35М се обиде да отпатува во регионот на Доњецк. Но, летањето над нашите прекрасни полиња без наша дозвола е забрането. Сторителите ќе бидат казнети од украинскиот Стингер“, се вели во објавата на Твитер, која многумина ја коментираа како саркастична.
На видеото се гледа како хеликоптер лета кога ненадејно е погоден од проектил.
Тој веднаш бил зафатен од пламен, летал уште неколку моменти, а потоа удрил во нивата и експлодирал.
One more russian Mi-35M tried to travel in the Donetsk region.
But, flying over our beautiful fields without our permission is forbidden. Tresspassers will be punished.
By Ukrainian Stinger. pic.twitter.com/mcsth8F7V1— Defence of Ukraine (@DefenceU) June 17, 2022