Британија: Русија користи „хуманитарни“ коридори за манипулации

Сподели со своите пријатели

Во најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина, британското Министерство за одбрана наведува дека Русија најверојатно во последните 48 часа повторно се обидува да напредува јужно од украинскиот град Изум.

Loading...

Целта на Русија е да навлезе подлабоко во регионот на Доњецк и да го опколи градот Северодонецк од север.

Руските и сепаратистичките сили се обидуваат од 14 јуни да се обидат да отворат хуманитарни коридори за евакуација на жителите на Северодонецк.

„Русија претходно користеше еднострано прогласени „хуманитарни“ коридори во Украина, но и во Сирија, како механизам за манипулирање на бојното поле и насилно преместување на населението“, се вели во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Во него се додава дека доколку заробените цивили во Северодонецк не ја прифатат понудата да излезат преку коридорот отворен од руските сили, Русија најверојатно ќе бара оправдување за помалку да прави разлика меѓу цивилите и украинските воени цели во областа.