Најмалку 18 загинати и милиони без домови во поплави во Индија и Бангладеш

Сподели со своите пријатели

Најмалку 18 лица загинаа во поплавите што ги зафатија североисточна Индија и Бангладеш, оставајќи милиони куќи под вода, соопштија денеска властите, пренесува АП.

Loading...

Во индиската држава Асам најмалку девет лица загинаа во поплавите, а уште два милиони останаа без своите домови, соопшти Државната агенција за управување со катастрофи.

Брахмапутра, една од најголемите реки во Азија, ги проби нејзините земјени насипи и поплави над 3.000 села и обработливо земјиште во 28 од 33 области на Асам.

Како што се наведува, во Бангладеш, чии окрузи во близина на границата со Индија беа најтешко погодени, девет лица ги загубија животите како последица од удар на гром во петокот.

Водостоите на сите поголеми реки се зголемуваат, според Центарот за прогнозирање и предупредување за поплави во Дака, главниот град на Бангладеш, кој има околу 130 реки.

Двете земји побараа од војската да помогне во борбата против големите поплави, кои би можеле да се влошат бидејќи се очекува врнежите да продолжат во текот на викендот, според АП.