Пожар во хемиска фабрика во Шангај, загина едно лице (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а едно е повредено денеска во пожар во петрохемиски комплекс во Шангај, јавија кинеските државни медиуми.

Loading...

Компанијата Синопек соопшти дека пожарот избувнал околу 4 часот по локално време во фабриката за етилен гликол во нејзиниот петрохемиски комплекс во областа Џиншан.

Во подоцнежното соопштение, компанијата соопшти дека пожарникарите го ставиле пожарот под контрола.

Според Синопек, во пожарот загинал возачот на „третата страна“, додека еден вработен во компанијата е повреден, пренесува Њујорк Тајмс.

Во соопштението се додава дека се истражува причината за пожарот.

На видеата се гледа како беснее пожарот во фабрика од која се издигаат дебели столбови од црн чад.

Иако петрохемискиот комплекс е одвоен од станбениот дел на квартот Џиншан, некои жители на населбите во близина на фабриката ги напуштија своите домови откако ги слушнаа експлозиите.

 

Loading...