„Испраќање оружје во Киев е пат кон конфликт меѓу САД и Русија“

Сподели со своите пријатели

Испраќањето оружје во Украина е пат до конфликт меѓу Русија и САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов, пренесува Танјуг.

Loading...

„Кратковидоста на Американците е очигледна во сегашните околности. Водени од желбата да и нанесат стратешки пораз на Русија, локалните елити ги ескалираат тензиите и пумпаат оружје во режимот во Киев. Зарем не е доволно јасно дека тоа е патот до директен воен конфликт меѓу најголемите нуклеарни сили, кој ќе има непредвидливи последици“, пишува Антонов во својата статија за „Њусвик“.

Рускиот амбасадор изјави и дека Москва „долго и трпеливо им ја објаснува на западните колеги недозволивоста на таквите акции и предупреди на неизбежноста од силен и адекватен одговор“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Не нè слушаа и се обидоа да не игнорираат, тврдејќи дека местото ни е на задното седиште“, нагласи Антонов.

Тој исто така напиша дека „капката што ја прелеа чашата“ е одбивањето на Вашингтон и Брисел да ја земат предвид загриженоста на Русија во однос на безбедносните гаранции, според ТАС С.

Антонов рече и дека плановите на САД за санкции против Русија исто така не функционираат и дека само ја влошуваат состојбата во американската економија.