Канада, наводно, преговара со Германија за блокираната опрема за рускиот гасовод Северен тек 1 што германски Сименс го испрати на сервис во канадска фабрика.
Руски Гаспром кон средината на неделата ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 за 60 отсто, тврдејќи дека турбината што ја испратила на германски Сименс за редовно одржување се уште не е вратена.
Сименс ги сервисира турбините во фабрика во Канада, која пак го блокираше нивното враќање откако воведе санкции кон Гаспром поради руската инвазија на Украина.
Аеродеривативните гасни турбини за компресорските станици „Северен тек 1“ беа испорачани во 2009 година, објави Сименс енерџи оваа недела.
Тие се произведени во Канада и треба редовно да се сервисираат, посочуваат од компанијата, додавајќи дека еден моментално е на поправка во Монтреал.
Германија сè уште задоволува значителен дел од потребите за гас со увоз од Русија, па се соочи со сериозен недостиг.
„Канадската влада активно разговара со Германија за овие турбини и ние работиме на решение“, рече портпаролот на канадскиот министер за природни ресурси во соопштението објавено во четвртокот.
Москва во четвртокот предупреди дека испораката на гас може целосно да биде прекината доколку се одложи враќањето на опремата.