Тајланд е се поблиску до легализирање на истополовите бракови

Сподели со своите пријатели

Пратениците во Тајланд во средата усвоија четири различни нацрт-закони за истополови заедници, со што се приближуваат до тоа да станат втората територија во Азија која ги легализираше истополовите бракови.

Loading...

Според CBC, Тајланд има една од најотворените и највидливите лезбејски, геј, бисексуалци и трансродови (ЛГБТ) заедници во Азија, што придонесува за нејзиниот имиџ на толерантна земја и атрактивна либерална дестинација за странските туристи.

Овие четири нацрт-закони имаат за цел да им обезбедат на истополовите партнери речиси исти законски права како и хетеросексуалните парови.

Тајландските ЛГБТ активисти критикуваа два од четирите нацрт-закони поддржани од владата, тврдејќи дека нема потреба да се усвојува посебен закон за истополови двојки, туку дека постојните закони би можеле да бидат поопфатни со амандмани.

Но, активистите велат дека тајландските закони и институции допрва треба да ги одразуваат промените во социјалните ставови и сè уште ги дискриминираат ЛГБТ луѓето и истополовите парови.

Досега само Тајван ги легализираше истополовите бракови во Азија.