Водачите на Франција, Германија и Италија вчера ветија дека ќе ја поддржат кандидатурата на Украина за ЕУ.
Да потсетиме, вчера во Киев пристигнаа лидерите на најголемите земји на Европската унија – францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.
Макрон рече дека сите четворица присутни лидери на ЕУ ја поддржуваат идејата за доделување „тековен“ статус на кандидат за ЕУ на Украина.
Европската комисија се очекува денеска да објави оценка за тоа дали Украина треба да добие кандидатски статус за ЕУ, што е клучен чекор во долгиот процес на стекнување полноправно членство во блокот.
– Европа би можела да напише нова приказна за слободата и конечно да ја елиминира сивата зона меѓу ЕУ и Русија благодарение на храброста на украинските мажи и жени – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчерашниот ден го нарече историски ден поради посетата на европските лидери.