Бродовите што пловат под руско знаме ги превезуваат минатогодишните приноси од жито од Украина во Сирија, објави американската сателитска компанија „Максар“, која објави снимка од бродовите.
Снимката на Максар покажува товарање жито на два товарни брода под руско знаме, закотвени во пристаништето на Крим Севастопол, контролирано од Русија, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Ројтерс.
The U.S. satellite imagery company Maxar published images of what it says are Russian-flagged ships carrying Ukrainian grain to Syria.https://t.co/ysOMBOwVRy
— Radio Free Europe/Radio Liberty (@RFERL) June 16, 2022
Неколку дена подоцна, сателитите на Максар направиле снимки од истите бродови закотвени во Сирија, а камионите биле подготвени за транспорт на жито, рече Максар.
Компанијата објави дека уште едно видео од јуни покажува како се товари жито на друг брод во Севастопол.
Украина ја обвини Русија дека краде жито од териториите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари.
Maxar опублікувала фото, як російські судна возять вкрадене українське зерно до Сирії https://t.co/mN2cA0Rrxu pic.twitter.com/MXAMJbvrYQ
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) June 17, 2022
Војната се заканува да предизвика голем недостиг на храна, имајќи предвид дека Русија и Украина извезуваат околу 29 отсто од глобалните резерви на пченица, пренесува Гласот на Америка.
Украина е меѓу најголемите светски извозници на жито, а западните земји ја обвинуваат Русија дека се заканува да предизвика глад низ светот со блокирање на украинските пристаништа на Црното Море.