Руски шпион се обидел да добие стажирање во суд за воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Руски шпион се обидел да добие стажирање во Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг со помош на лажен идентитет, објавија холандските разузнавачки служби.

Loading...

Шпионот со децении работи на својот лажен идентитет и се претставувал како бразилски државјанин.

Сергеј Владимирович Черкасов (36), обвинет дека е агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ, замиал во Холандија во април мислејќи дека ќе добие внатрешен пристап до информациите од Трибуналот за воени злосторства.

Тој користел лажен идентитет и се претставил како 33-годишниот Бразилец Виктор Мулер Фереира.

Черкасов бил откриен порано од западните разузнавачи. Кога пристигнал во Холандија, бил приведен од службеници за имиграција и вратен во Бразил.

До моментот кога шпионот дошол во Холандија, МКС почна да ги истражува воените злосторства во Украина.

Да успеел Черкасов во својот план, ќе добиел пристап до судската пошта и ќе можел да копира, менува или уништи документи и докази, пишува Гардијан.

Шефот на холандската разузнавачка агенција: Русите се обидуваат да добијат нелегален пристап до информации во рамките на МКС

Западот стравува дека украинската криза ја поттикнала ГРУ и другите руски агенции да дејствуваат непромислено во нивните шпионски акции.

Loading...

„Тоа ни покажува што прават Русите, тие се обидуваат да добијат нелегален пристап до информации во рамките на МКС. Ова го квалификуваме како закана на високо ниво“, рече Ерик Ерик Акербум, генерален директор на холандската разузнавачка агенција.

МКС нуди 200 практиканти годишно за студенти и дипломирани студенти во области како што се правото и социјалната психологија.

Портпаролката на судот рече дека се благодарни за поддршката на холандските власти.

„МКС ги сфаќа овие закани многу сериозно“, додаде таа.

Холанѓаните велат дека Черкасов сега го чека судењето во Бразил. Бразилските власти сѐ уште не го коментирале случајот.