Почна асфалтирањето на две улици во кумановското село Пчиња

Сподели со своите пријатели

Почна асфалтирањето на две улици во кумановското село Пчиња, соопштија денеска надлежните од општината.

Loading...

 

 

Како што се наведува на веб-страната на Бирото за јавни набавки, за реконструкцијата на двете коловозни ленти Куманово ќе одвои 3.158.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

 

 

Loading...

На тендерот се пријавиле осум компании од државата. Највисоката добиена понуда е 5.408.550 денари, најниската е 2.515.614 илјади денари. На тендерот избрана е кумановската компанија „Кооп Инженеринг доо“.

 

 

Избраната компанија ќе мора да ја заврши градежната активност на терен во рок од 90 дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска наведе дека во ова село општината изгради ново мултиспорт игралиште со тартан подлога во непосредна близина на училиштето. Тој дополни дека во моментов се реконструира и опремува задружниот дом од 200 метри квадратни, кој треба да прерасне во турситчко-промотивен центар на Бислиска клисура.

 

Loading...

 

-Следува реконструкција на училишниот објект во подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња, најави Димитриевски.