Прогласени учениците на генерацијата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението на просветни работници Куманово во соработка со општина Куаново денеска додели признанија и благодарници на повеќе од 20 ученици, првенци на генерација од општините Куманово и Старо Нагоричане.

Loading...

Учениците од 18 основни училишта, пет средни и три училишта од Старо Нагоричане добија признанија за најуспешни во својата генерација.

Наградите ги додели секретарот на општината, Александар Гелевски кој им посака да успешно да продолжат да го надоградуваат своето знаење.

-Да продолжат понатаму, по патот по кој тргнале, да се залагаат и да работат, да веруваат во себеси и да работат за иднината на државата, изјави членот на Здружението на просветни работници, Весна Димитриевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

 

 

Раководителот на секторот за образование и наука од општина Куманово, Александар Јовановиќ кажа дека обврска на општината останува да ги мотивира најдобрите ученици да продолжат со успехот.

Loading...

-Подготвуваме правилник со кој ќе ги опфатиме најталентираните ученици. Тој ќе почне да се применува од идната учебна година. Им посакувам на наградените да продолжат по патот на успехот, да бидат добри репрезенти на нашето општество, изјави Јовановиќ.

Јована Павловска, матурантка од СОУ „Перо Наков“, економски техничар, ученик на генерација кажа дека за успех покрај учење, потребно е и учество на меѓународни, државни натпревари, во проекти. Таа себе си се гледа како иден економист кој ќе продолжи да ја развива кариерата во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

Ѓорѓи Златевски еден од наградените ученици, најдобар од „Крсте Мисирков“ рече дека своето образование ќе го продолжи во гимназијата „Гоце Делчев“ на природно-математичка насока.

МИА