Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја реализираа втората крводарителска акција за 2022 година.
Loading...
– Согласно годишниот план на МВР за 2022 година, денеска во периодот од 09.00 до 15.00 часот во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово, информираат од кумановската полиција.
Оваа крводарителска акција е втора по ред, од планираните три за оваа година, во која се собрани 31 крвна единица.
Никола Ивановски