Орбан: Нема да ги поддржиме антируските санкции кои штетат на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан информираше 44 пратеници во Европскиот парламент дека неговата земја нема да ги поддржи антируските санкции кои и штетат на ЕУ и ја попречуваат благосостојбата на европските семејства.

Loading...

Орбан во писмото наведува дека Унгарија поддржа шест пакети санкции против Русија и направи се за да го зачува европското единство.

„Унгарија ги поддржа санкциите, иако станува сè потешко да се одржи претходен консензус дека санкциите не треба да ѝ наштетат на ЕУ повеќе отколку на Русија“, се вели во писмото од шефот на печатот на унгарскиот премиер Берталан Хаваши.

Во писмото се наведува дека Унгарија го задржала правото да ги отфрли предлозите „кои се спротивни на здравиот разум и се закануваат со осиромашување на унгарските и европските семејства“.

Тој повтори дека неговата влада, исто така, ќе ги отфрли санкциите против верските водачи, вклучувајќи го и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

„Унгарија сака мир. Вооружениот конфликт мора да заврши, а споровите мора да се решаваат преку преговори“, се вели во писмото, потсетувајќи дека Унгарија ги осудила дејствијата на Русија.

Досега Унгарија примила околу 800.000 украински бегалци, обезбедувајќи храна, сместување, лекови, образование за деца и работа за возрасни, напиша унгарскиот премиер.

„Затоа, Унгарија заслужува почит и благодарност, а не навредливи забелешки и дека некој ни држи лекции“, изјави Орбан, пренесува ТАШ.

Loading...