Саудиска Арабија забрани играчки во боја на виножито со цел да се бори против хомосексуалноста

Сподели со своите пријатели

Властите во Саудиска Арабија заплениле играчки, облека и други предмети во боја на виножитото од продавниците во главниот град Ријад со цел да ја потиснат хомосексуалноста, објавија државните медиуми, пренесува Гардијан.

Loading...

Во оваа земја, како и во другите земји на Блискиот Исток, хомосексуалноста е кривично дело.

Предметите на кои е извршена рација во Ријад вклучуваат лакови, здолништа и капи, од кои повеќето биле направени за деца, според извештајот објавен од државниот информативен канал Ал Ехбарија во вторникот вечерта.

Забраната дојде откако Саудиска Арабија исто така ги забрани филмовите кои прикажуваат сексуални малцинства.

Во април од оваа земја беше објавено дека саудиските власти побарале од компанијата „Дизни“ да ги скрати „ЛГБТ референците“ од филмот на Марвел „Доктор Стрејнџ“, но Дизни одби.

Вчера пристигна информација дека оваа земја нема да го прикажува новиот анимиран филм „Lightyear“ поради лезбејскиот бакнеж.