Брашното во Австрија поскапо за 127 отсто

Сподели со своите пријатели

Во Австрија, прехранбените производи значително поскапеа во последните месеци, па така најевтиниот вид брашно поскапе, дури за 127 отсто во споредба со годишно ниво, покажа истражувањето на Комората на труд (АК).

Loading...

Секој што сака да испече торта ќе мора да ја стави раката во својот паричник многу подлабоко за одредени состојки отколку што беше случај минатата година.

Така, цената на килограм најевтиното брашно од 0,41 евро колку што чинеше лани се зголеми на сегашните 0,92 евра.

– Тоа е поскапување од речиси 127 проценти – истакна заштитничката на потрошувачите на АК Габриела Згубиќ.

Истражувањето на АК покажува дека цената на килограм најевтиниот путер се зголемила од 5,67 евра на 9,96 евра, што е пораст од речиси 76 отсто.

– Голем проблем, покрај поскапувањето, е тоа што често во продавниците нема поевтини производи, па потрошувачите мора да купуваат поскапи производи – објасни таа.

АК ги поздрави најавените мерки за растеретување на товарот на граѓаните, но смета дека Владата треба да донесе одлука за привремено намалување на ДДВ за прехранбените производи.