На овој ден е основан од Светската асоцијација за жонглирање, а самото жонглирање постои речиси 4.000 години. Една од најстарите историски траги на жонглирање доаѓа од Египет, од ѕидно сликарство во гробница од 1994 до 1781 година п.н.е.
Loading...
Во тие дамнешни времиња жонглирањето се практикувало и во другите делови на светот, па има докази од Кина, Ирска, Индија… Денеска често се гледаат жонглери на патиштата, додека ги забавуваат возачите во автомобили кои чекаат во црвено.
Ако некогаш сте сакале да научите да жонглирате, денес е вистинскиот ден да го направите тоа. Не ви требаат посебни топчиња, доволно е да земете портокали или јаболка кои ќе ви послужат како замена и да си поиграте со нив.