Во Куманово одбележан Светскиот ден на крводарителството

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчиски дом Куманово вчера се оддржа свечена седница на која беше одбележан 14 јуни – Светски ден на крводарителството.

Loading...

 

 

Присутните крводарители, членови и волонтери на Црвен крст Куманово, најпрвин ги поздрави Претседателот на Црвен крст на Република Северна  Македонија – општинска организација Куманово Д-р Нухи Јусуфи, по што следуваше доделување на благодарници и признанија на повеќекратните крводарители за 2019, 2020 и 2021 година, кои дарувале крв 5, 10, 25, 50 и 75 пати.

 

 

Loading...

Крводарителите со 50 и 75 пати дарувана крв добија и плакети во знак на признание за искажаната хуманост како и пригоден подарок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советниците на ВЛЕН од Куманово се оградија од изјавата на Димитриевски, кој ОНА ја нарече терористичка организација

Светскиот ден на крводарителството е ден кој се одбележува со цел да се искаже благодарност на крводарителите како важен фактор во обезбедување на доволно количество резерви на крв како и промоција на крводарителството и негово афирмирање.

Интегрално соопштение