Околу 2,4 милиони хектари зимски култури во вкупна вредност од 1,435 милијарди долари ќе останат неожнеани во Украина поради воениот напад од Русија, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.
Loading...
Украинскиот земјоделски сектор, како што се наведува, досега претрпел загуби од 4,292 милијарди долари поради руската инвазија, пренесува Танјуг.
Се проценува дека бројот на убиени животни во областите погодени од борбите вклучува 42.000 овци и кози, 92.000 крави, 258.000 свињи и повеќе од 5,7 милиони живина.