Египет и Израел ги зголемуваат испораките на гас кон ЕУ

Сподели со своите пријатели

Египет, Израел и Европската унија во средата потпишаа договор за зголемување на продажбата на течен природен гас на земјите од ЕУ, со цел да се намали зависноста од испораките на гас од Русија додека војната во Украина се одолговлекува.

Loading...

Со договорот потпишан во Каиро, Израел ќе испрати повеќе гас преку Египет, кој има капацитет да го втечнува за извоз, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Каков посебен момент. Многу топло го поздравувам потпишувањето на овој историски договор – изјави фон дер Лајен на заедничката прес-конференција заедно со египетскиот и израелскиот министер за енергетика, пренесува АП.

Таа рече дека договорот е дел од напорите на Европа за диверзификација на изворите на енергија надвор од Русија и увоз на јаглеводороди од „други сигурни добавувачи“ – наведувајќи ги Израел и Египет, кои се појавија како извозници на гас во последниве години.

Минатата година, Европската унија увезе околу 40 отсто од својот гас од Русија, што го отежнува воведувањето санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.