Зеленски: Нападот на Украина е првиот чекор на руското освојување

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и предупреди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата на неговата земја, пренесува Ројтерс.

Loading...

– Како и во минатото, руската инвазија на Украина е првиот чекор што треба да го отвори патот на руското раководство кон другите земји и освојувањето на другите народи – рече Зеленски.

Обраќајќи се во двата дома на чешкиот парламент преку видео врска, тој ги повтори повиците на ЕУ да и дозволи на Украина на патот кон членство во ЕУ со тоа што ќе и даде статус на кандидат, наведува британската агенција.