Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев ќе може да ги исполни своите договорни обврски во наредниот период и го доведе во прашање само постоењето на украинската држава во иднина.
„А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците не им е гајле, тие инвестираа толку многу во антирускиот проект што се друго е мало“, напиша тој во својот канал Телеграм, пренесува РИА Новости.
Тој рече дека видел изјава во која се вели дека Украина „сака да добие течен нафтен гас (LNG) од своите странски партнери за лизинг и да плати за тоа за две години.
Според него, „без западниот течен гас“, Украина едноставно ќе замрзне зимава, пренесува „РИА Новости“.