Антонов: Изјавата на Пентагон покажува намера за ескалација

Сподели со своите пријатели

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов денеска оцени дека изјавата на функционерот на Пентагон Колин Кала за можноста за зголемување на испораките на повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“ за Киев може да се сфати како намера на Вашингтон дополнително да ја ескалира ситуацијата.

Loading...

Антонов рече дека ваквите изјави на Кала се крајно загрижувачки, пренесува ТАСС.

Тој смета дека ваквите изјави само потврдуваат дека Американците немаат намера да постигнат мирно решение на ситуацијата.

Пентагон претходно соопшти дека САД ќе и дадат на Украина четири високомобилни артилериски ракетни системи.