Швајцарија го отвори својот воздушен простор по краткото затворање поради безбедносни причини поради „техничка неисправност“, соопштија денеска властите.
Службата за контрола на летање на Skyguide претходно соопшти дека воздушниот простор е „затворен до понатамошно известување“.
Воздушниот простор е повторно отворен во 8.30 часот по локално време, а воспоставен е сообраќајот на меѓународните аеродроми во Женева и Цирих.

