Што всушност значат ознаките на дното на пастата за заби?

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале што значи квадрат или правоаголник на дното на вашата паста за заби? Ако е така, време е да се реши оваа дилема.

Иако на интернет кружат приказни за тоа колку хемикалии содржи секоја паста за заби, односно дека секоја боја го означува количеството на хемикалии, тоа е неточно.

Loading...

Според овој мит, зелената боја на дното на пастата би значела дека е целосно природна состојка, црвената дека е мешавина од природни и хемиски состојки, сината дека е хемиска состојка и лек, а црната само за производство се користат хемиски состојки.

Но, иако ова објаснување изгледа логично, тоа е погрешно.Затоа што, кога ќе размислите, која компанија што произведува пасти за заби на тој начин би ги означила своите производи и би направила лош публицитет.

Што всушност значат тие бои на дното на дното на пакувањето?

Имено, станува збор за етикети за оптички читачи, со помош на кои машините препознаваат каде е крајот на амбалажата, односно колкава количина на содржина има во пастата, а тоа е местото каде што пакувањето може да се исече и затвори.

Ако не верувате, погледнете ги другите производи што ги имате, а се во слични пакувања. На пример, кремата за сончање или лосион за тело спакуван во туба, исто така, имаат таква етикета на дното.