Португалскиот премиер предупреди дека дебатата за тоа дали на Украина да ѝ се даде кандидатски статус за членство во ЕУ може да ја подели алијансата и да создаде лажни очекувања.
„Најдобрата поддршка што Европската унија може да и ја даде на Украина е да го одржи нејзиното единство. Најдоброто што можеме да го понудиме е европското единство. Поделбата во ЕУ би била совршен подарок за рускиот претседател Владимир Путин“, рече Антонио Коста во интервју за „Фајненшл тајмс“.
„Тоа не се најважните правни дебати за Украина, туку практична помош“
„Мојот фокус е да постигнам јасна заложба за итна поддршка на следниот Европски совет и да изградам долгорочна платформа за поддршка на закрепнувањето на Украина. Ова е мојот главен приоритет. Не се најважни правните дебати за Украина, туку практична помош“, додаде тој.
Коста рече дека не се спротивставува експлицитно на кандидатурата на Украина, но дека негов приоритет е „јасна и непосредна поддршка“, предупредувајќи дека не е вистинско време да се отворат повеќегодишни преговори.
„Имаме ризик да создадеме лажни очекувања кои можат да се претворат во горко разочарување. Помалку правни дискусии, повеќе практични решенија“, рече португалскиот премиер.
За време на посетата на Киев овој викенд, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека комисијата до крајот на следната недела ќе ја заврши својата проценка дали да и препорача на Украина за членство во ЕУ.