Уште 70 лица се евакуирани од Лисичанск

Сподели со своите пријатели

Регионалниот гувернер на украинската област Луганск денеска изјави дека уште 70 лица се евакуирани од Лисичанск и околните населени места.

Loading...

Во изјава nа Телеграм, тој ги оцени условите во регионот, кој е под тежок артилериски напад на руските сили, како „вистински пекол“, пренесува Би-би-си.

Гајдај рече дека евакуацијата била полна со ризици, бидејќи жителите „под огнот истрчале до автомобилот“ и можеле да продолжат понатаму само кога ќе падне ноќта.

Како што рече, гранатирањето е толку силно што луѓето веќе не можат да стојат во засолништа.

Се додека постои можност да се спаси барем еден живот, ќе го направиме тоа“, изјави регионалниот гувернер на Луганск.