Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да покаже јасна поддршка за Украина.
Во интервју за германскиот ЗДФ во понеделникот вечерта, Зеленски рече дека Германија не треба да се обидува да балансира меѓу нејзините интереси меѓу Украина и односите со Русија, пренесува Ројтерс.
– Ни треба сигурност од канцеларот Шолц дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да одлучат: не може да има компромис меѓу Украина и односите со Русија – рече тој.
Имаше шпекулации дека Шолц би можел да го посети Киев за прв пат од почетокот на војната подоцна оваа недела.
Канцеларот ја бранеше Германија од обвинувањата дека нема да го испорача оружјето што и го вети на Украина.
Пред да биде испорачано модерното оружје, украинските војници мораа да бидат обучени како да го користат, рече тој синоќа.
Водечките политичари од целиот германски политички спектар го обвинуваат Шолц дека делува како кочница за испораката на оружје.