ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Еврокомесарката за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес, изјави дека ЕУ денеска ќе потпише договор со еден производител на вакцини, без да прецизира кој, за испорака на околу 110.000 дози против мајмунски сипаници од крајот на јуни.

Loading...

На маргините на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, Киријакидес рече дека вакцините ќе бидат купени со средства од ЕУ и ќе бидат доставени до земјите-членки, пренесе Ројтерс.

Таа наведе дека ЕУ досега има регистрирано 900 случаи на мајмунски сипаници.