Русија сака го повлече признавањето на независноста на Литванија, Летонија и Естонија

Сподели со своите пријатели

Русија би можела да го повлече признавањето на независноста на Летонија, Естонија и Украина, изјави денеска пратеникот на Државната дума Евгениј Фјодоров.

Loading...

Според Спутник, рускиот пратеник до Државната дума доставил предлог-закон за поништување на резолуцијата на Државниот совет на СССР „За признавање на независноста на Литванија“.

Во образложението се наведува дека одлуката е незаконска бидејќи е донесена од неуставен орган, прекршувајќи ги барањата од неколку членови од Уставот на СССР.

„Ние само што почнавме од Литванија, и јасно е зошто. Литванија е поопасна за Русија во однос на ситуацијата поврзана со регионот Калининград и конфронтацијата со НАТО и САД. Затоа сега Литванија е поважна, но тоа не значи дека тука ќе застанеме“, рече Фјодоров.

Според него, по Литванија, таков развој е можен и за Естонија, Летонија и Украина.

„Постојат голем број аргументи зошто Литванија треба да биде прва на оваа листа. Откако ќе се разработи механизмот, ќе го примениме и на други територии на НАТО, а не само на НАТО. Украина, на пример, исто така незаконски го напушти СССР“, објасни пратеникот.

Истовремено, тој додаде дека целта на ваквите акции е да се елиминираат заканите кои доаѓаат од споменатите постсоветски земји, додека признавањето на независноста на поранешните советски републики кои водат мирољубива политика нема да се ревидира, наведува Спутник.