Повеќе локации во Куманово се привремено без вода, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за улица „Никола Вапцаров“ бр. 22, село Черкези, улицата „6а“ бр. 5 во населбата Јане Сандански, „528“ бр. 5 во населбата Ајдучка чешма, „Роза Луксембург“ бр.10, м.в. Амбар Маало и Гимназија „Гоце Делчев“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски