На 50 години ја родила својата сопствена внука (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Чализ Смит одлучила да стане сурогат на својата 25-годишна ќерка, која долго време се бори со неплодност.

Loading...

Девојчето е родено на 17 мај.

-Мајка ми е ангел, многу сум и благодарна – напишала среќната ќерка Кејтлин на Инстаграм.

– Секој ден размислував за тоа. „Се молев, прашувајќи се дали ова е насоката или патеката за мене“, рече Шализ Смит во интервју за Добро утро Америка.

Нејзината ќерка Кејтлин боледува од ендометриоза, болест во која ткивто кое што е поставено на матката почнува да расте во јајниците и јајцеводите. Ова го отежнало зачнувањето на 25-годишната девојка.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Chalise Smith (@eight_is_great)

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Во 2019 година, Кејтлин одлучила да се подложи на вештачко оплодување и забременила. Иако синот е роден здрав, бременоста не поминала без компликации. Околу 30-тата недела од бременоста, на Кејтлин и беше дијагностициран Сјогренов синдром, автоимуна болест која ги зафаќа мукозните мембрани, солзните канали и плунковните жлезди. Симптомите на оваа хронична болест вклучуваат суви очи и уста, замор и болки во зглобовите. Може да ги оштети и белите дробови, бубрезите и нервниот систем.

Во јануари 2021 година, Кејтлин слушнала дека нејзината автоимуна болест ги оштетила нејзините бубрези и дека нема да може повторно да забремени.

– Бев скршена. Мојот сон беше да имам големо семејство. Уште од мала сонував да бидам мајка – вели Кејтлин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Мајката на девојчето, Чалис, се понудила да стане нејзина сурогат мајка по долго размислување. На 49-годишна возраст успеала да забремени и да роди ќерка.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Miguel & Kaitlyn Munoz (@creatingourfam)

 

– Никогаш не мислев дека ќе доживеам вакво нешто и дека на 50 ќе имам дете! таа рече.

Loading...

– Кога мајка ми се понуди да биде наша сурогат мајка, се чувствувавме одлично. Мајка ми беше неверојатна за време на нејзината бременост и имавме неверојатно искуство со раѓање. Благодарна сум за нејзината несебичност – признала Кејтлин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Жената морала да прима инјекции во првите 10 недели од бременоста. За одлуката на жената поширокото семејство било известено по 15 недели, кога бременоста се одвивала според планот.

Минатиот месец се родила здравата ќерка – Алаина Кејт-Чалис. Тежела 3500 грама.

– Последните 24 часа беа неверојатно искуство. Немам зборови. Мајка ми е вистински ангел и ни донесе уште еден благослов – напиша Кејтлин во објава на Инстаграм.