Канадскиот премиер по втор пат позитивен на Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Канадскиот премиер Џастин Трудо е позитивен по втор пат на Ковид-19, неколку дена по личната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден, јавува бриселскиот портал Политико.

Loading...

„Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што примив вакцини“, напиша Трудо во твитот во понеделникот наутро.

Канадскиот премиер беше вакциниран три пати, а по добивањето на засилена доза во јануари, тој беше позитивен на тестот за Ковид-19 за прв пат подоцна истиот месец.

Веста дојде веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес, каде што тој го помина поголемиот дел од минатата недела на средби со лидерите на Самитот на Америка, а во четвртокот имаше средба со Бајден.